Шкупи рутински го приведува двомечот против Хегелман

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи игра без голови 0-0 на полувреме против литвански Хегелман во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Конференциската лига.

Чаричани откако ги решија сите дилеми околу патникот во второто коло минатата седмица кога на гостувањето во Литванија славеа со 0-5, вечерва само ја одработуваат работата на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Првото полувреме помина без поголеми возбудувања, па Шкупи го очекува само последниот свиреж како би почнале подготовките за двомечот против бугарски Левски.

Се вчитува...