Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија ќе мора да игра продолженија на гостувањето кај велшкиот Хаверфордвест откако не успеа да ја задржи предноста од еден гол кој ја имаше по победата во Скопје.
Иако тетовци успешно ја чуваа предноста од 1-0, Велшаните во ниту еден момент не се предадоа, а за големата пожртвуваност наградата стигна во 89. минута кога Џенкинс стрелаше за водство од 1-0.
Доколку Шкендија го мине овој ривал во 2. коло ќе игра против Торшаван од Фарски острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА