Шкупи заврши работа со Хегелман, следува двомеч со Левски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи откако славеше со 0-5 пред една седмица на гостувањето во Литванија, вечерва во Скопје одигра само рутински 0-0 против Хегелман во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во најмладото европско клупско натпреварување, Конференциската лига.

Чаирчани пред седум дена ги решија сите дилеми околу патникот во второто коло, па вечерва повеќе беа со мислите на Левски, отколку што беа заинтересирани за Литванците.

Тотална доминација Шкупи имаше и на овој меч, но на крајот сепак Хегелман ќе може да биде задоволен по катастрофата од првиот меч што успеа да остане непоразен на „Тодор Проески“.

Во второто коло противник на Шкупи ќе биде бугарски Левски. Првиот натпревар ќе се игра следниот четврток во Скопје, додека реваншот во Бугарија е закажан за 3. август.

 

 

Се вчитува...