Шкендија не знае гол да даде ниту од пенал, прволигашот елиминиран од Велшани

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија не успеа да го мине велшкиот Хаверфордвест откако по пенали беше елиминиран во двомечот од 1. квалификациско коло во Конференциската лига.

Кога се изгледаше дека Шкендија ќе успеа да ја одбрани предноста од 1-0 од првиот натпревар во Скопје, шокот се случи во 89. минута кога за домаќините стрелаше Џенкинс и донесе водство од 1-0, што значеше дека натпреварот ќе замине во продолженија.

И двата тима играа внимателно внимателно во продолженијата. Иако Шкендија беше за нијанска подобар противник не успеа да стигне до погодок кој ќе значи пласман во 2. коло, па натпреварот замина во последниот чин, пенал рулетот.

Таму тетовци катастрофално ги шутираа пеналите. Чинари, Адили и Рамадани не успеаја да реализираат, а Велшаните со вкупен триумф од 4-3 се пласираше во второто квалификациско коло.

 

Се вчитува...