Тухел ги налути „ѕвездите“ на Баер: Може за Кајл Вокер, но не и за Нојер и за Томас Милер

Томас Тухел упорно инсистира на Баерн Минхен да го доведе Кајл Вокер во своите редови, но понудата испратена до англискиот ветеран ги налути останатите играчи на баварскиот гигант.

Конкретно – Баерн како и уште неколку европски гиганти има правило во преговорите, на играч повозрасен од 30 години да не му биде понуден договор подолго од „една плус една година“. Во случајот на Вокер, англискиот ветеран доби на маса „два плус еден“, доволна причина за разочарување кај неколку важни фудбалери.

Томас Милер целата своја кариера ја мина во дресот на Баерн и дури ни за него не беше направен ваков исклучок, голманот Мануел Нојер низ кариерата одбиваше богати понуди, па не доби долгорочен договор откако наполни 30 години.

Лош начин да се почнат подготовките за новата сезона, особено ако се знае колку проблеми имаше Баерн во текот на минатата…

Се вчитува...