Душан Влаховиќ се уште не знае каде ќе игра во новата сезона, откако ПСЖ ги олади преговорите со Јувентус, но нов клуб во оваа трка од вчера е Реал Мадрид. „Кралевите“ се уште се во клинч во преговорите со ПСЖ за Килијан Мбапе, а доколку овој мегатрансфер не биде комплетиран, тогаш вниманието ќе биде целосно насочено кон Влаховиќ.
Имено, италијанските медиуми информираат дека српскиот голгетер имал телефонски повик со Карло Анчелоти, при што стратегот на Реал му упатил комплименти на Влаховиќ, користејќи го времето и за да му објасни дел од своите тактички замисли и каде тој го гледа Влаховиќ во нив. Очекувано, Србинот бил импресиониран и би бил подготовен за овој супертрансфер, но останува да се заврши потешкиот дел од задачата, да се најде заеднички јазик меѓу клубовите.
Јавна тајна е дека Реал најдоцна до следното лето ќе го купи Мбапе, па затоа на „кралевите“ им одговара само едногодишна позајмица на Влаховиќ. Тие се подготвени да платат и 15 милиони евра за вакво нешто, но Јувентус не разгледува ваква опција бидејќи ако се случи Србинот да си замине, неопходни ќе бидат пари за „старата дама“ да купи соодветна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА