Лудото трошење на пари од страна на клубовите од Саудиска Арабија дефинитивно продолжува, откако беше обелоденето дека неверојатна понуда стигнала и до асот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Името на клубот не се обелоденува, но Лаутаро има на маса фантастични 240 милиони евра за четиригодишен договор, или неверојатни 60 милиони евра по сезона (осум пати поголема сума од онаа што ја заработува во Интер). Аргентинецот се уште нема одлучено, но во ситуација кога се поголем број играчи се решаваат за преселба во Саудиска Арабија, тој се посериозно ја разгледува оваа опција.
Информацијата прв ја обелодени аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло, кој тврди дека Саудијците чекаат само зелено светло од фудбалерот за да почнат преговори со Интер. „Нероаѕурите“ веќе останаа без Џеко и Лукаку, па тешко дека ќе се согласат на заминување и на Лаутаро без богата отштета, па се шпекулира дека европскиот вицепрвак ќе бара најмалку 100 милиони евра за својот најдобар голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА