Полскиот фудбалер Јакуб Блашчиковски, кој најголемиот дел од кариерата го мина во Борусија Дортмунд, објави дека става крај на својата играчка кариера.
Со 109 натпревари тој е втор по бројот на одиграни натпревари за полската репрезентација, зад Роберт Левандовски, кој го наследи како капитен.
„Секој пат има свој крај… Донесов тешка одлука да ја завршам кариерата“, напиша 37-годишниот Блашчиковски на социјалните мрежи.
Откако ја започна својата професионална кариера во Висла Краков во 2005 година, Блашчиковски помина десет сезони во Дортмунд, до 2016 година. Потоа играше за Фиорентина и Волфсбург, пред да се врати во Краков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

