Милевска е првото засилување за одбојкарскиот шампион Работнички (ФОТО)

Женскиот одбојкарски шампион на Македонија, Работнички од Скопје, го ангажираше и првото летно засилување за новата натпреварувачка сезона.

Првото засилување за Работнички е младинската репрезентативка, 16-годишната Андротеа Милевска, која ќе биде освежување за тимот на коректорската позиција.

„Одбојкарскиот клуб Работнички одлучи во новата сезона на домашната сцена но и на европската сцена да се потпре исклучиво на домашните сили, поради што следи ангажман на најквалитетните македонски млади одбојкарки. Андротеа Милевска ќе биде одлично освежување за тимот на коректорската позиција, а планиран е договор со уште една нова одбојкарка наскоро“ – вели спортскиот директор на клубот, Андријана Зафировска.

Милевска претходно го носеше дресот на Ѓорче Петров, од каде сега се сели во Работнички кој оваа сезона по голема пауза повторно се враќа на европската сцена. Одбојкарите на македонскиот шампион ќе играат во Челинџ Купот на ЦЕВ. Во првото коло ќе се соочат со исклучително квалитетната екипа на Лугој од Романија.

Се вчитува...