„Месиманија“ пред дебито во САД

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси треба да дебитира за Интер Мајами на 22. јули против Круз Азул.

Интересот за првиот натпревар на најголемиот играч на денешницата е невиден за клуб кој постои само неколку години.

Стадионот, секако премал за ваков спектакл, веќе е распродаден и покрај тоа што билетите, дури и најевтините, достигнаа вртоглава цена, иако ова се уште цените на билетите кои можеа да се најдат во редовна продажба, на билетарата на клубот.

Најевтините чинат 245 долари, додека најскапите кои може да се добијат на ист начин чинат 1.000 долари.
Навивачите кои успеаја да го фатат драгоценото парче хартија сега се во сериозна дилема – дали да го препродадат за многукратно повеќе пари или да се задоволат со тоа што ќе бидат дел од историјата како сведоци на првиот меч на легендарниот Аргентинец за Интер.

Имено, протече веста дека непознат купувач платил дури 22.000 долари за билетот во препродажба.

Се вчитува...