Фудбалска Европа ја затресе скандал уште во претсезоната, а во центарот на истиот е и мак-фудбалот со нашиот претставник во разигрувањето за место во групната фаза на Конференциската лига, Македонија Ѓорѓе Петров.
Имено, како што открива полскиот новинар Матеуш Мига од „ТВП Спорт“ по сомнеж на светски обложувалници утврдено е дека се уплатени големи суми на пари на два натпревари меѓу кои и оној помеѓу освојувачот на Купот на Македонија за 2023 година и РФС одигран во Рига.
Според Полјакот сомнежи за мечот на Македонија Ѓорче Петров има поради големи уплати дека РФС ќе победи со два разлика и дека мечот ќе заврши со најмалку пет постигнати голови, а летонскиот тим триумфираше со 4-1.
Покрај натпреварот на македонскиот и летонскиот тим вниманието е свртено и кон натпревар одигран во Црна Гора помеѓу Арсенал Тиват и ерменски Алашкерт.
Според информациите, 250 илјади евра биле уплатени на мечот, а меѓу другото дека ќе бидат постигнати два гола во првото полувреме на кое до 35. минута од мечот резултатот гласеше 0-0, но до свирежот на судијата ја исполни квотата (2-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА