Големата награда на Унгарија останува на календарот до 2032 година

Во деновите кога целиот Формула 1 свет е насочен кон случувањата на „Хунгароринг“ љубителите на брзината во регионот добија убави вести. Големата награда на Унгарија останува во календарот во 2032 година.

Доскорешниот договор важеше до 2027 година, но новиот кој воедно ветува и подобрување на инфраструктирата на стазата е продолжен за дополнителни пет години со што традицијата која трае од 1986 година ќе продолжи и во следната деценија.

Се вчитува...