Ноа Окафор е нов фудбалер на Милан

Ноа Окафор од денеска и официјално е нов фудбалер на италијанскиот гигант Милан. Тој во редовите на „росонерите“ доаѓа од Ред Бул Салцбург во трансфер вреден 15 милиони евра и попиша договор кој му носи место на „Сан Сиро“ до 2028 година.

Дваесетитригодишниот напаѓач Окафор кој ќе настапува во нападот со далеку поискусниот Оливие Жиру е шесттото засилување за Милан ова лето по Пулишиќ, Лофтус-Чик, Рејндерс, Спортиело и Ромеро.

Се вчитува...