Недим Мустафица и во новата сезона ќе биде дел прволигашот Чаир 2030, потврди скопскиот клуб. Интернационалецот од Босна и Херцеговина го засили „сино-црвниот“ табор на средина на сезоната и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во тимот предводејќи го во битката за опстанок.
Мустафица кој сезоната ја започна во редовите на Пелистер, а потоа се пресели во Чаир 2030 на крајот оствари дабл-дабл просек од 17.6 поени и 10.6 скокови во настапите за скопјани. Најдобриот натпревар во сезоната го одигра токму против „зелено-белите“ кога во Скопје го предводеше дебитантот до сензаицонален триумф со 28 поени и 15 скокови.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА