Шкупи обезбеди 1.600 билети за бугарските навивачи

Раководството на Шкупи му отстапи 1.600 влезни билети на бугарскиот прволигаш Левски за наредниот натпревар од Конференциската лига на УЕФА, што ќе се игра во Скопје на 27 јули со почеток во 21 часот.

Челниците на Левски денеска ја потврдија оваа информација, напоменувајќи дека цената изнесува 20 евра по билет и дека истите Левски ќе ги добие од Шкупи најдоцна до понеделник, по што ќе бидат пуштени во редовна продажба.

Според договорот меѓу клубови, навивачите на Левски ќе бидат сместени на јужната трибина од стадионот „Тодор Проевски“.

Се вчитува...