„Војната“ продолжува: Мбапе не сака ни да чуе за Саудиска Арабија, во ПСЖ се бесни

Конфликтот меѓу ПСЖ и Килијан Мбапе дополнително се вжешти откако одличниот голгетер ја отфрли можноста за преселба во Саудиска Арабија, што се чинеше како идеално решение за проблемите меѓу двете страни.

Имено, Ал Хилал изрази подготвеност да му исплати над 200 милиони евра на ПСЖ, а Мбапе имаше понуда на маса од неверојатни 400 милиони евра за само една сезона во овој клуб, по што во 2024 година Французинот ќе можеше без никаква отштета да се пресели во Реал Мадрид. „Светците“ се надеваа дека оваа опција ќе биде сериозно разгледана за да заработат сериозна сума на пари што би ја реинвестирале во нови засилувања, но Мбапе јасно ставил до знаење дека не сака ни да чуе за преселба во Саудиска Арабија.

Тој уште еднаш го повторил својот став – дека единствена опција му е преселба во Реал Мадрид, со што дополнително го зголемил притисокот врз челниците на ПСЖ. „Кралевите“ имаат преддоговор со голгетерот за 2024 година, па не сакаат да уриваат рекорди во преговорите со ПСЖ летово. Ал Келаифи е бесен бидејќи знае дека нема преголем избор, или ќе мора значително да ја спушти цената од над 200 милиони евра на која инсистираше пред еден месец, или Мбапе следното лето ќе си замине без отштета, а згора на тоа ПСЖ во следните десетина месеци ќе му исплати неверојатни 150 милиони евра, на име плата и бонус за лојалност.

Се вчитува...