Леон Маршан е новата пливачка ѕвезда откако Французинот во голем стил стигна до златото на трката на 400 метри мешано на СП во Јапонија, уривајќи го рекордот на Мајкл Фелпс.
Францускиот пливач кој тренира со долгогодишниот трене рна Фелпс, Боб Боумен, имаше извонредна трка, минувајќи ја делницата за 4:03.40 минути, што е за повеќе од една секунда подобро време од досегашниот рекорд на Фелпс (4:03.84) поставен на ОИ во Пекинг во 2008 година.
Фелпс беше сопственик на рекордите во оваа дисциплина уште од 2002 година, за неговото владеење да заврши со денешната извонредна трка на Маршан.
Ова е последниот индивидуален светски рекорд што го поседуваше Фелпс, кој низ кариерата постави вкупно 21 рекордни времиња, но сега како утеха му остануваат рекордите од штафетите на 4х100 метри слободно и 4х200 метри слободно.
THIS IS UNBELIEVABLE 🫣
🇫🇷Leon Marchand beat the longest World Record in the books after 21 years!!!@FFNatation #AQUAFukuoka23 pic.twitter.com/Jkzwmp0xFb— World Aquatics (@WorldAquatics) July 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА