Жоао Феликс неодамна почна отворено да флертува со Барселона изјавувајќи дека сонува еден ден да го облече дресот на каталонскиот гигант, со што го навлече бесот на челниците на Атлетико Мадрид. Сепак, главниот удар португалскиот напаѓач не го доби од своите сегашни работодавци, туку од тренерот на Барселона, Чави Хернандез, кој експресно ја затворил вратата за негово доаѓање на „Камп Ноу“.
Шпанските медиуми пишуваат дека главен заговорник за летниот трансфер на Феликс во Барса бил новиот директор Деко, кој сакал со својот сонародник да го освежи нападот на каталонскиот гигант.
Сепак, веднаш штом се појавиле првите шпекулации следел и телефонски разговор меѓу Чави и Деко, во кој тренерот јасно ставил до знаење дека играч од типот на Феликс не му е неопходен во тимот. Тој смета дека нема потреба да се преговара за скап играч кој не би бил стандарден првотимец, уште повеќе ако се знае дека Барса има приоритети на други позиции, а и се наоѓа во незавидна динансиска состојба за да може да експериментира на пазарот.
Како опција за Португалецот сега останува преселба во ПСЖ, но „светците“ чекаат разв рска од сагата со Килијан Мбапе пред да тргнат во конкретни потези за засилување на навалната линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

