Борусија Дортмунд ќе пазари од Баерн

Баерн Минхен вообичаено ги засилува своите редови од таборот на Борусија Дортмунд, но летово би требало да бидеме сведоци и на трансфер во спротивна насока, откако „милионерите“ тргнаа во офанзива за потпис со член на баварскиот гигант.

Станува збор за Марсел Сабицер, австрискиот репрезентативец кој се наоѓа на излезна врата од Баерн, а за кој најсериозен интерес во моментов искажува токму Борусија. Тој ја мина ланската сезона на позајмица во Манчестер Јунајтед, но не се наметна доволно кај Тен Хаг за „црвените ѓаволи“ да го откупат неговиот договор. Баерн во меѓувреме го доведе и Лајмер на неговата позиција, како јасна порака до Сабицер да не се надева на минутажа во новата сезона.

Борусија Дортмунд е во потрага по засилување за средниот ред, а Сабицер е високо на листата со желби пред се поради фактот дека е достапен за скромни 15 милиони евра, сума што германскиот вицепрвак без проблем може да си ја дозволи по продажбата на Белингем во Реал Мадрид.

Германските медиуми најавуваат дека Сабицер нема да отпатува со Баерн на турнејата во Азија, како најава дека неговиот трансфер во Борусија би можел да биде комплетиран во наредните неколку дена.

Се вчитува...