Матео Ретегуи го привлече вниманието откако беше повикан од Роберто Манчини во италијанската репрезентација иако станува збор за играч роден во Аргентина, кој никогаш не настапувал во Калчо-лигата.
Тој блесна со неколку добри партии во дресот на „Аѕурите“ што беше повод да стане интересен за италијанските прволигаши, за денеска и официјално да се пресели на Апенинскиот полуостров потпишувајќи договор со Џенова. Новиот прволигаш беше во потрага по засилување за нападот, а управата успеа да му ја исполни желбата на тренерот Џилардино, носејќи го Ретегуи во клубот.
Овој фудбалер доаѓа од редовите на аргентинскиот прволигаш Тигрес, а трансферот ќе изнесува 15 милиони евра, плус 20% од следниот трансфер на Ретегуи. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со Џенова, за плата од два милиони евра по сезона.
„Пресреќен сум што доаѓам во Европа, и тоа токму во Италија, одлука што ја донесов во консултација со моето семејство. Доаѓам во голем клуб, разговарав со Диего Милито, кој ми кажа се најдобро за Џенова и ми го олесни изборот“, изјави Ретегуи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА