Петар Заборски се закити со трофеј на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во Загреб, каде македноскиот каратист стана европски универзитетски карате – шампион во категоријата до 75 килограми.
Тој во финалето се сретна со Константин Јаненко од Украина, борба во која Заборски целосно доминираше и заслужено триумфираше со 2-0.
Ова е четврти медал за македонските студенти – Давид Петков и Петар Спасеновски освоија бронзи, а машкиот кумите тим на „Свети Кирил и Методиј“ се бори за второто злато против украинска екипа.
Во Загреб се одржуваат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА