Четвртото засилување на Вардар доаѓа од Андора

Вардар денеска го претстави и своето четврто засилување за новата сезона, потпишувајќи договор со 24-годишниот дефанзивец Алберт Алаведра, стандарден репрезентативец на селекцијата на Андора.

Алаведра потекнува од младинската академија на Еспањол, а во својата кариера меѓудругото настапувал за Алгесирас, Манреса, Бадалона, Приморје. За репрезентацијата на Андора засега има 26 настапи.

„Му посакуваме добредојде во најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот“, објави ФК Вардар.

„Црвено-црните“ денеска одиграа уште еден контролен натпревар на подготовките на Златибор, славејќи со 1-0 на дуелот со Смедерево. Стрелец на единствениот погодок беше Мицевски во 58. минута од натпреварот.

Се вчитува...