Велемајсторска асистенција на Модриќ за пресврт победа на Реал против Милан (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар помеѓу Милан и Реал Мадрид одигран во Соединетите американски држави донесе одличен фудбал во кој на победа од 3-2 се радуваа „кралевите“ и покрај водството на италијанскиот тим од 0-2 до 60. минута.

„Росонерите“ поведоа со головите на Томори и Ромеро во првото полувреме, а Валверде со два брзи гола во 57. и 60. минута го најави камбекот на Шпанците. До целосен пресврт дојде во 84. минута кога велемајсторкската асистенција на Лука Модриќ умешно ја искористи Винисиус Џуниор во контра напад.

Се вчитува...