Луис Суарез наскоро би можел да и се приклучи на колонијата на поранешни фудбалери на Барселона во Интер Мајами предводена од Лео Меси. Американскиот тим оддамна покажа сериозен интерес за негов ангажман, но за реализација проблем прави неговиот клуб Гремио.
Второпласираниот тим во бразилското првенство во интересната сезона во која се бори за висок пласман не сака така лесно да се откаже од услугите на искусниот напаѓач, кој сепак има план како од Бразил да се пресели во САД.
Понудата на Суарез до клубот е откуп на неговиот договор што се отвара можност за Бразилците да ангажираат негова адекватна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

