Хислоп колабираше пред камери пред почетокот на мечот меѓу Реал и Милан (ВИДЕО)

Непријатни сцени пред почетокот на пријателскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Милан во Калифорнија, САД.

Легендата на Њукасл, Шака Хислоп, кој од 2008 година работи како ко-коментатор на ЕСПН, при најавата за дуелот меѓу Реал и Милан неочекувано колабираше покрај својот колега Ден Томас кој шокиран се обиде да му помогне.

Добро е што кратко по немилиот настап Хислоп се освестил, свесен разговарал со медицинските екипи кои интервенирале и се чувствува добро.

Шака Хислоп во својата кариера играше за Ридинг, Њукасл, Вест Хем Јунајтед и Портсмут од каде за кратко се пресели во МЛС лигата каде ја заврши кариерата во Далас.

Се вчитува...