Ал Хилал официјално понуди неверојатни 300 милиони евра отштета за Мбапе!

Ал Хилал од Саудиска Арабија и официјално испрати понуда до ПСЖ со неверојатна отштета од 300 милиони евра за Килијан Мбапе. Ова е најголемата понуда за некој фудбалер во историјата!

Јасно е дека Мбапе и дефинитивно заминува од ПСЖ ова лето откако францускиот шампион се одлучи на смел потег да не го вклучи 24-годишникот во подготовките во Јапонија во пресрет новата сезона и да го стави на трансфер листата. Овој потег доаѓа по одлуката на репрезентативецот на Франција да одбие продолжување на договорот со ПСЖ и по сезоната 2023/24 со што „светците“ не се подготвени да го загубат својот највреден фудбалер без обесшетување.

По објавувањето за веста за трансферот брзо се активираа и саудиските клубови кои воедно се и државен план за развој на фудбалот, па сега дојде и првата официјална понуда од Ал Хилал во висина од 300 милиони евра!

 

Се вчитува...