Вардар потпиша двегодишен договор и со српскиот бек Матија Николиќ (ФОТО)

Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за плус уште една.

Вардар сезонава ќе има подмладен тим особено на бековската позиција. Николиќ е второто засилување за „црвено-црните, по левото крило Марко Срдановиќ кој исто така потпиша двегодишен договор со скопјани.

Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока. Таму се пресели во сезоната 2020/21, и тогаш на 26 меча даде 75 гола.

Сезонава исто така играше во Словенија и на 25 натпревари постигна 80 погодоци. Додека играше во Србија беше дел од Црвена Ѕвезда.

Вардарци покрај подготовките во Скопје ќе заминат и на висински подготовки на Маврово, и ќе настапат и на турнирот во Струга. Во меѓувреме ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...