Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон трката за Големата награда на Унгарија ја заврши на четвртото место зад Ферстапен, Норис и Перез.
Хамилтон трката ја почна од пол-позицијата, но победникот на трката Макс Ферстапен го претекна веќе на вториот свиок.
„Не стартував добро, тркалата излизгаа поради што станав ранлив веќе на вториот свиок. На крајот на денот, тоа и немаше некое значење затоа што навистина немав темпо со останатите возачи. Не постоеше круг во кој уживав затоа што немав добро чувство во болидот. Од вчерашниот ден ќе прифатиме се што беше позитивно, но далеку сме од победа“ – вели Хамилтон.
Луис Хамилтон во моментов е на четвртата позиција во генералниот пласман со 133 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА