Шкупи против Хапоел Бер Шева од Израел или Паневезис од Литванија во 3. коло, одлична ждрепка за Струга ТЛ

Екипата на Шкупи ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Хапоел Бер Шева (Израел) и Паневезис (Литванија) во 3. коло од УЕФА Конференциската лига, се разбира доколку претходно во втората рунда натпревари ја елиминира Левски Софија.

Денешната ждрепка во Нион сакаше чаирчани да добијат можност најверојатно за пресметка со израелска екипа.

Шампионот Струга ТЛ доби одлична ждрепка за 3. коло доколку претходно го мине црногорскиот Будуќност.

Ако стружани се пласираат во третата рунда натпревари таму ќе се соочат со подобриот од пресметката меѓу ТНС (Велс) и Свифт Хеспер Есперанж (Луксембург).

Се вчитува...