Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за престојното Светско првенство кое ќе се одигра помеѓу 25. август и 10. септември.
„Орлите“ ќе бидат ослабени на светскиот собир со оглед на тоа што нема да можат да сметаат на услугите на едни од најдобрите кошаркари во моментов Никола Јокиќ и Василије Мициќ, како и Никола Калиниќ, но добра вест за нашиот северен сосед е враќањето на Богдан Богдановиќ кој воедно и ќе ја предводи соблекувалната.
На списокот на искусниот стратег се најдоа: Стефан Јовиќ, Огњен Јарамаз, Филип Петрушев, Алексеј Покушевски, Алекса Раданов, Никола Топиќ, Немања Недовиќ, Алекса Аврамовиќ, Бориша Симаниќ, Урош Трифуновиќ, Душан Беслаќ, Никола Милутинов, Дејан Давидовац, Вања Маринковиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ и Ален Смаилагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА