Џордан доби „зелено светло“ – Шарлот ќе биде продаден за три милијарди долари

Раководството на НБА лигата конечно му даде „зелено светло“ на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан за продажба на франшизата Шарлот Хорнетс. Продажбата е веќе договорена и за истата сопствениците на акциите на НБА клубот ќе поделат три милијарда долари.

Џордан го превзема Шарлот пред 13 години, но не успеа како сопственик да оствари ни дел од играчиот успех. Неговиот тим цела деценија бележеше лоши резултати, не победи во ниту една плеј-оф серија, а не се ни пласираше во разигрувањето во последните седум сезони завршувајќи ја ерата на Џордан со биланс од 423 победи и 600 порази.

Нов сопственик на клубот ќе биде групација која ја предводат Гејб Плоткин и Рик Шнел.

Се вчитува...