Мбапе во Ал Хилал за еден час ќе заработи колку што ќе заработи просечен Македонец за 11 години

Неверојатна понуда на Ал Хилал за ангажман на Килијан Мбапе вредна една милијарда евра од кои 300 милиони евра ќе видат префрлени на сметката на ПСЖ, а 700 милиони евра до 24-годишниот Французин за само една сезона одекна како вистинска бомба во светот.

Дел од медиумите веќе ја пресметаа и добивката на Мбапе во една минута, еден час, еден ден…, а истата ги фрапираше луѓето. Во една минута Французинот ќе заработува 24 долари, во еден час 88.5 илјади долари, во еден ден 2.1 милиони долари, за една седмица 14.7 милиони долари и за еден месец 64.6 милиони долари.

Доколку направиме споредба со платите во Македонија каде нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари доаѓаме во заклучок дека за еден час Мбапе ќе заработи колку што ќе заработи просечен Македонец за нешто повеќе од 11 години.

Се вчитува...