Македонската кошарка официјално ќе има три претставници во АБА2 лигата во сезоната 2023/24 откако на денешното собрание на првенството беа потврдени учесниците меѓу кои се најдоа МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ.
За место во првенството аплицираше и освојувачот на сребрениот медал во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, Феникс 2010 кој беше подготвен и да организира квалификациски турнир, но пријавата на скопскиот тим не беше прифатена од раководството.
Со македонското трио битка за АБА ќе водат и: Борац Бања Лука, Цедевита Јуниор, Шенчур, Хелиос Санс, Подгорица, Шибенка, Широки Бријег, Спартак, Сутјеска и Златибор, а последниот 14-ти ученик ќе биде познат по квалификациите во кои силите ќе си ги одмерат Спарс, Војводина, Илирија и Босна.
МЗТ Скопје на стартот силите ќе си ги одмери со Цедевита Јуниор, Пелистер ќе се сретне со Шенчур, а ТФТ со Златибор. Првото македонско дерби ќе биде веќе во второто коло во кое ќе се сретнат финалистите на македонското првенство за сезоната 2022/23.
Целиот распоред може да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА