Турците тврдат дека Трабзон ќе го раскине договорот со Оршиќ поради тешката повреда, Бјелица вели дека тоа се глупости!

Пауза од седум до девет месеци следи за хрватскиот фудбалер Мислав Оршиќ кој се повреди на тренинг на Трабзонспор за време на подготовките во Крањ.

Па, турскиот „Фанатик“ тврди дека Трабзонспор сега ќе го раскинат договорот со Оршиќ во потрага по нов играч кој ќе го замени.

„Договорот ќе биде раскинат. Оваа повреда ги поремети плановите на Трабзон кој оваа недела ќе се сретне со менаџерот на Оршиќ и ќе се договори за раскин на договорот, се разбира не доведувајќи ги во прашање сите негови права“ – пишува „Фанатик“.

Но, тренерот на Трабзонспор, Ненад Бјелица категорично ја демантира информацијата за раскин на договорот.

„Глупости. Оршиќ ја има нашата максимална поддршка и едвај чекаме што побрзо да се врати на терен. Сите се воодушевени од него, како играч и како личност“ – вели Бјелица.

Се вчитува...