Ништо од Саудиска Арабија, Рамос оди во Интер Мајами кај Меси!?

Иако се нагласуваше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сепак се чини дека следна негова дестинација ќе биде Интер Мајами во МЛС лигата.

Шпанскиот дефанзивец во летото 2021 година од Реал пристигна во ПСЖ, од каде сега си замина и тоа во ист период кога од клубот замина и Лионел Меси.

Двајцата повторно би можеле да играат заедно. Како што пренесува каталонски „Спорт“, Серхио Рамос најверојатно ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами. Двете страни се пред финализирање на договорот со што Рамос повторно би играл во ист дрес со Меси.

Се вчитува...