Почна продажбата: Популарни цени за мечот меѓу Шкупи и Левски во четврток на „Тодор Проески“

Екипата на Шкупи во четврток (27. јули) од 21 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја очекува дуелот против Левски во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани ги пуштија во продажба билетите за натпреварот кои се по повеќе од популарни цени од 150 и 200 денари.

Онлајн продажба нема да има, но од Шкупи преку клупскиот сајт информираа каде ќе може да се купат билети и во кои термини. Билети ќе може да се купат во продавниците на ЛИТЕРАТУРА.МК во Скопје, но и на продажни места во Радовиш, Струмица, Прилеп и Велес.

Се вчитува...