Актуелниот европски шампион Реал Мадрид не е особено активен во актуелниот преоден рок. Сепак, во шпанската престолнина пристигна едно големо име, повратникот Факундо Кампацо, аргентинскиот плејмејкер кој веќе беше играч на тимот од „Висинк центарот“ во периодот од 2014 до 2020 година.
Во претходната сезона, 32-годишниот ас од Кордоба настапуваше за Црвена звезда, но по само една полусезона го напушти клубот од Белград.
„Не сум глупав, но морам да кажам дека моите одлуки не се базираат само на пари. Парите се еден од факторите, но не се главниот фактор. Во Мадрид се чувствувам како дома – на и надвор од теренот. Ниту еден момент не се двоумев кога требаше да се вратам во Реал“, изјави Кампацо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА