Килијан Мбапе на маса има неверојатна понуда од Ал Хилал вредна 700 милиони евра за само една сезона во Саудиска Арабија, но мала е веројатноста дека 24-годишниот Французин ќе се откаже од елитниот европски фудбал па и тоа да биде за само една година.
Фантастичниот голгетер посакува да остане во Европа каде се уште има заинтересирани тимови кои сакаат да го донесат во своите редови на позајмица во Англија, Шпанија и Италија, но од денеска нивниот број е за два помалку, пренесуваат шпанските медиуми.
Челси и Манчестер Јунајтед се откажале од ангажман на Французинот па како следни дестинации остануваат Барселона, Тотенхем и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА