Осасуна во новата сезона ќе игра во Конференциската лига откако шпанскиот клуб ја доби жалбата на одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), соопштија од клубот. Истата се однесуваше на наводно наместена средба од април 2007 година за која се испостави дека се нема докази па клубот од Ла Лига е ослободен од обвинувањата.
Осасуна минатата сезона заврши на седмото место во домашниот шампионат, а играше и во финалето на Копа дел реј каде беше поразена од Реал Мадрид.
„По темелно разгледување на доказите обезбедени од клубот, УЕФА утврди дека тимот на Осасуна е жртва на околности кои датираат од пред повеќе од една деценија. УЕФА ја признава Осасуна како тим кој има право да учествува на овогодинешните изданија на европските клупски турнири“, соопштија од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

