Покер од Трабзон за Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички загуби од турски Трабзонспор со 4-1 како дел од подготовките за новата сезона во ПМФЛ.

Турскиот великан поведе со 1-0 во 8. минута со погодокот на Гомез. Дебармаалци израмнија на 1-1 со автоголот на Чакир во 17. минута.

До крајот на првиот дел Трабзон повторно стигна до водство (2-1) во 40. минута со голот на Бакасетас. Во вториот дел конечните 4-1 ги поставија Елмаил и Дестан.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го помина овој меч на клупата за резерви.

Се вчитува...