Левски го тужи Шкупи во УЕФА

Страстите зовреваат уште пред почетокот на првиот квалификациски натпревар од Конфренциската Лига меѓу Шкупи и Левски, откако бугарскиот тим реагираше до УЕФА поради цените за влезниците за неговите приврзаници.

„Сините“ од Софија уште пред неколку дена ги пуштија во продажба билетите по цена од 20 евра, но откако Шкупи денеска ги објави цените за своите фанови, билети од по 150 и од по 200 денари, Бугарите веднаш реагираа, објавувајќи дека веќе ја контактирале и УЕФА.

„На официјалната веб-страница на Шкупи е објавена инфомрација, која ја покажува шокантната разлика во цените за домашните навивачи во споредба со оние на Левски, за претстојниот меч од Конференциската Лига на УЕФА што ќе се игра на 27 јули на стадионот „Тодор Проевски“ во Скопје. Поради тоа, раководството на Левски го посочи проблемот до организаторите на мечот и до претставниците на УЕФА“, се вели во соопштението на Левски.

Се вчитува...