Ливерпул веќе ги доведе Мекалистер и Собослаи како засилувања за средниот ред за наредната сезона, но откако „црвените“ влегоа во завршна фаза на продажба на Џордан Хендерсон и на Фабињо во Саудиска Арабија, веднаш стана јасно дека ќе мора дополнително да се освежи овој дел од тимот.
Јирген Клоп тргна во офанзива, германскиот стратег подолго време го меркаше Ромео Лавија, по што управата на Ливерпул денеска ја испрати првата официјална понуда до Саутемптон за 19-годишниот Белгиец, кој настапува на позицијата последен играч за врска. „Црвените“ се подготвени да платат 37 милиони фунти за овој тинејџер, но Саутемптон и покрај испаѓањето од Премиер-лигата нема намера да попушти во преговорите. Оваа понуда на Ливерпул била експресно одбиена, со порака дека цената на Лавија изнесува 50 милиони фунти.
Британските медиуми најавуваат дека Клоп нема лесно да се откаже и во наредните денови може да се очекува нова понуда, се со цел што поскоро да се комплетира трансферот и германскиот стратег да го има Лавија на располагање за стартот на сезоната закажан за помалку од три седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА