Интер Мајами славеше со убедливи 4-0 против Атланта во Лига купот на САД и тоа благодарение на извонредниот Лионел Меси кој запиша два погодоци.
Аргентинецот првпат беше стартер во дресот на Интер Мајами и успеа да постигне два гола. Меси реализираше уште во 8. минута по одличната асистенција на Серхио Бускетс, за во 22. минута да донесе предност од 2-0 и веќе да ја најави победата на својот тим.
Меси на крај се погрижи и за асистенција за четвртиот гол на неговата екипа.
HE’S DONE IT AGAIN.
Leo Messi scores his second for @InterMiamiCF in as many games! pic.twitter.com/e3RVVpWTlT
— Major League Soccer (@MLS) July 25, 2023
Ова беше историски меч и за Интер Мајами кој стигна и до првата победа со четири разлика без примен гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА