Екипата на Шкупи утре од 21 часот на арената „Тодор Проески“ го очекува првиот натпревар од пресметката со Левски Софија во 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.
На денешната прес-конференција тренерот на Шкупи, Чихат Арслан вели дека тимот го чека силен противник кој има и недостатоци кои ќе мора да бидат искористени ако се сака позитивен резултат пред реваншот.
„Не се плашиме од ниту еден ривал но јасно е дека Левски е многу подобар тим од Хегелман. Имаат млада екипа, со просек од 23 години, па мора да ги почитуваме. Нивниот голман има 18 години, а веќе вреди милионипол евра. Динамична екипа се која игра во висок ритам Тактиката се менува од меч па меч, па ќе се прилагодиме на следниот ривал како што треба. Се работи за многу посериозна екипа која со години игра во Европа и има успех. Бугарскиот тим има многу квалитетни играчи кои ќе мора да ги затвориме, а ги знаеме и нивните слаби точки“ – истакна Арслан притоа дополнувајќи:
„Секако целта е да се избориме за позитивен резултат, иако неблагодарно е да прогнозираме. Нашиот тим сака да игра фудбал на терен и така ќе биде и утре. Со победа на утрешниот дуел мислам можеме да достигнеме историски успех и продолжување на европското лето. Ги повикам навивачите да не поддржат, затоа што тие се наша најголема сила“.
Еднакво е размислувањето и на капитенот на Шкупи, Али Адем…
„Веруваме дека со помош на навивачите можеме да дојдеме до позитивен резултат. По високата победа над Хегелман, не летнавме во облаци. Уште сме цврсто на земја, максимално фокусирани на дуелот со Левски. Сакаме со позитивен резултат да патуваме во Софија“ – истакна Адем.
Натпреварот меѓу Шкупи и Левски се игра утре (27. јули) од 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА