Дурант: Марихуаната е како вино во НБА, јас лично барав таа смешна забрана да биде укината

Кевин Дурант во еден американски подкаст говореше на најразлични теми, меѓу другото и за долгогодишната забрана кошаркарите во НБА да користат марихуана во своето слободно време.

Оваа забрана беше укината, а 34-годишниот Дурант обелодени дека тој лично ја покренал иницијативата за кошаркарите да можат да користат марихуана за опуштање за време на стресната сезона.

„Јас лично му се јавив на Комесарот Адам Силвер и побарав да ја тргне марихуаната од листата на забранети супстанци. Повеќе не постои толку негативна конотација кога ќе се спомене марихуаната, му го објаснив тоа, тој ги прифати моите аргументи. Тоа е реалноста, речиси сите користат марихуана, таа е како вино во НБА-круговите“, изјави Дурант.

Се вчитува...