Пауло Дибала е решен да остане во Рома и да потпише нов договор со „волчицата“, ставајќи крај на шпекулациите за својата иднина. Во изминатите неколку дена Интер покажа сериозен интерес да го доведе екс-фудбалерот на Јувентус во своите редови, но Мората добил јасна порака дека Дибала не е заинтересиран за трансфер и дека нема да ги менува клупските бои во текот на летово.
Аргентинецот минатото лето долго беше во потрага по нов клуб, за на крајот да потпише договор со Рома, за помала плата од онаа што ја земаше во Јувентус, но и со излезна клаузула од само 12 милиони евра што е валидна за летово. Токму таа клаузула го направи Дибала максимално интересен за неколку врвни екипи ширум Европа, но сите го добија истиот одговор – дека иднината на аргентинскиот напаѓач е поврзана со „Олимпико“.
Тој е презадоволен од соработката со Жозе Мурињо, кој воедно е и еден од главните фактори за Дибала да инсистира на останување во Рома. За возврат за лојалноста, тој ќе добие нов тригодишен договор со зголемување на платата во однос на сегашната, но и со бришење на клаузулата за заминување.
Рома во меѓувреме ја продолжува потрагата по нов голгетер поради повредата на Абрахам, а најново име што се поврзува со „волчицата“ е Калверт Луин од Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА