Не е секој како Јокиќ: НБА ѕвезда ќе ја предводи Летонија на Мундобаскет

За разлика од Никола Јокиќ кој ја одби поканата за учество со репрезентацијата на Србија на престојното Светско првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Индонезија, Јапонија и Филипини, Летонците ќе можат да сметаат на услугите на својот најдобар кошаркар Криштапс Порзингис.

Новиот кошаркар на Бостон Селтикс му се стави на располагање на селекторот Лука Бачи и заедно со поранешниот кошаркар на Партизан, а сегашен член на Оклахома Сити Тандер, Давис Бертанс ќе бидат ударна сила на балтичната држава на собирот најдобрите во светот.

Се вчитува...