Фудбалерите на Струга ТЛ триумфираа со минимални 1-0 над Будуќност во првиот меч од Конференциската лига на УЕФА, заслужена победа пред се поради надмоќта што македонскиот првак ја имаше во првите 45 минути од овој дуел.
Тренерот на стружани, Шпетим Дуро вели дека е среќен поради тоа што неговиот тим одлично одговорил по разочарувачкиот пораз од Жалгирис.
„Оваа победа беше важна, бидејќи одигравм два супер меча со Жалгирис и бевме малку психолошки погодени по тој пресврт во рок од пет минути. Среќен сум бидејќи тимот денеска реагираше многу добро и со одлична игра и доминација успеавме да го пребродиме поразот во тој двомеч. Во првото полувреме одигравме далеку подобро и дефинитивно заслуживме повеќе голови. Во вториот дел не бевме толку доминантни, но среќен сум бидејќи играчите знаеја како да го исконтролираат мечот“, изјави Дуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА