КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ: Лудогорец и Олимпија без победник, Трпчевски и неговиот Хакен задоволни се враќаат во Шведска

Лудогорец и Олимпија Љубљана одиграа без победник 1-1 во Бугарија во првиот натпревар од двомечот во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа со голот на Елшник во 14. минута со 0-1, додека конечните 1-1 беа дело на Јанков во 44. минута.

Хакен на македонскиот Филип Трпчевски одигра одлични 0-0 на гостувањето во Фарски острови кај Класвик, па на домашен терен шведскиот шампион ќе може да го потврди пласманот во следната фаза. Македонецот беше стартер за својот тим и одигра 75 минути.

Сите дилеми околу патникот во 3. коло ги реши кипарскиот Арис Лимасол кој на домашен терен го прегази БАТЕ Борисов со 6-2.

КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ 2. КОЛО: 

Арис Лимасол – БАТЕ 6-2

Шериф – Макаби Х. 1-0

Раков – Карабаг  3-2

Класвик – Хакен 0-0

Лудогорец – Олимпија

Се вчитува...