„Луд“ меч во САД: Арсенал со „петарда“ во мрежата на Барселона (видео)

Арсенал и Барселона одиграа меч за паметење на „Со Фи стадионот“ во Инглвуд, на кој навивачите можеа да проследат вкупно осум погодоци, од кои пет завршија во мрежата на каталонскиот гигант. „Топчиите“ благодарение на подоброто издание во второто полуверме славеа со 5-3, дуел на кој Артета реши да не го ризикува најскапото засилување Деклан Рајс кој поради полесна повреда го следеше натпреварот од клупата за резерви.

Барселона два пати водеше во првиот дел со головите на Педри и на Рафиња, но Сака и Хаверц се погрижија на одмор да се замине со израмнети 2-2.

Очекувано, двата тима настапија со бројни замени во вториот дел, а најдобро се снајде Тросар, кој со два гола го донесе Арсенал до водство од 4-2. Феран Торес биеше прецизно намалувајќи на 4-3, а конечните 5-3 беа дело на Виеира, кој со удар од околу 25 метри го постигна најубавиот погодок на овој спектакуларен натпревар.

Се вчитува...